• сабота, 13 април 2024

Анчелоти лут на судијата: Ова сè уште не сум го доживеал

Анчелоти лут на судијата: Ова сè уште не сум го доживеал

 

Валенсија, 3 март 2024 (МИА) – По синоќешното дерби во Ла Лига на „Местаља“ меѓу Валенсија и Реал Мадрид кое заврши нерешено 2-2, тренерот на Кралскиот клуб Карло Анчелоти го критикуваше главниот судија на натпреварот Хезус Хил Манзано.

Валенсија имаше водство од 2-0, пред Реал да успее да го израмни резултатот, а спорниот момент се случи кога главниот судија отсвири крај на дуелот секунда – две пред напаѓачот на гостинскиот тим Џад Белингем да ја затресе противничката мрежа.

Поради таквата одлука, играчите на Реал жестоко реагираа, а Белингем беше исклучен.

На конференцијата за новинари по натпреварот Анчелоти ја нарече судиската одлука „преседан“.

„Нема тука многу што да се каже. Ова е преседан. Ова сè уште никогаш не ми се случило во кариерата. Да отсвирите крај на натпреварот во тој момент беше грешка“, рече Анчелоти. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан