• четврток, 19 декември 2024

„Амазон“ најави намалувања на трошоците и понатамошно вложување во вештачката интелигенција

„Амазон“ најави намалувања на трошоците и понатамошно вложување во вештачката интелигенција

Сиетл, 12 април 2024 (МИА) – Извршниот директор на „Амазон“, Енди Џеси преку писмо ги извести акционерите за намалување на трошоците и покрај тоа што компанијата двојно ќе ги зголеми вложувањата во вештачката интелигенција.

Тој најавува можност за „намалување на услугата“ во малопродажбата во 2024 години, но и во наредните години.

„Амазон“ кон крајот на 2022 и во 2023 година имаше рекорден број отпуштања, при што беа елиминирани повеќе од 27.000 работни места. И оваа година се најавени кратења, а компанијата најави откази и во одделенијата „облак“ (cloud), „Прајм видео“ (Prime Video) и „Твич“ (Twitch).

Џеси во писмото предвидува дека услугата за компјутери во облак (AWS) на „Амазон“ ќе биде важен фактор во бумот на вештачката интелигенција ширум светот. Џеси ја презеде функцијата од основачот на компанијата Џеф Безос, кој поднесе оставка во средината на 2021 година. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан