• недела, 22 декември 2024

Алонсо го сака Кристијано Роналдо во Баер Леверкузен

Алонсо го сака Кристијано Роналдо во Баер Леверкузен

Ријад, 28 мај 2024 (МИА) - Кристијано Роналдо имаше многу силна сезона со тимот на Ал Наср, завршувајќи ја сезоната со 44 гола и 13 асистенции во 44 натпревари во сите натпреварувања.

Добрата форма на португалската легенда не остана незабележана во Европа, бидејќи во Шпанија се појави информација дека новиот шампион на Германија - Баер Леверкузен сака да го привлече Роналдо.

На неговото доаѓање на „БајАрена“ инсистира и самиот тренер на „аспирините“ Чаби Алонсо, кој му беше соиграч на Кристијано во Реал Мадрид и одлично ги познава напаѓачките квалитети.

Понудата на Леверкузен за Роналдо е поттикната од фактот дека тимот минатата сезона ја освои двојната круна во Германија и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ се свесни дека доколку го сакаат Роналдо мора да му понудат колосална плата. И покрај неа, Алонсо сака да го засили тимот, чии очекувања пораснаа по неверојатната сезона на Баер Леверкузен, која заврши со само 1 пораз во кампањата.

Роналдо има договор со Ал Наср до летото 2025 година и така Баер ќе мора да плати трансфер сума за него на клубот од Саудиска Арабија доколку сака да го ангажира. дс

Фото: Архива

Остани поврзан