• недела, 30 јуни 2024

Алкараз против Руд во финалето на УС Опен

Алкараз против Руд во финалето на УС Опен
Њујорк, 10 септември 2022 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во финалето на УС Опен, откако ноќеска во пет сета го надигра Американецот Френсис Тиафо. Во меч кој траеше 4 часа и 19 минути, 19-годишниот Алкараз имаше шест аса, направи три двојни грешки и искористи 8 од 19 брејк топки. Дваесет и четиригодишниот Тиафо сервираше 15 асови, забележа шест двојни грешки и реализира три од седум брејк топки. Шпанецот во финалето ќе се сретне со Норвежанецот Каспер Руд кој во првото полуфинале го победи Русинот Карен Хачанов со 3:1 (7:6, 6:2,5:7 и6 :2). Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 60 милиони долари. зс Машкото финале ќе се игра утре, а за вечер е закажан женскиот меч за трофејот во кој ќе се соочат Онс Жабур (Тунис) и Ига Швјонтек (Полска). зс/

Остани поврзан