• петок, 17 мај 2024

Алегри: Никој не може да не обвини за недоволна посветеност

Алегри: Никој не може да не обвини за недоволна посветеност

Торино, 11 март 2024 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по ремито во 28. коло од Серија А со Аталанта (2:2), одговори на критиките кои зачестија по резултатска криза.

Тој истакна дека тимот се обидува да освои бодови на секој натпревар.

- Навивачите сакаат да не видат назад во Лигата на шампионите. Можете да го критикувате тимот и тренерот, но никој не може да не обвини за недоволна посветеност. Се трудиме да победиме на секој натпревар, но тоа не е секогаш можно, изјави Алегри во интервју за „ДАЗН“.

Јувентус на последните седум натпревари има само една победа.

По 28 кола во Серија А, тимот од Торино има освоено 58 бода и се наоѓа на 3. место. Следен натпревар на Јувентус е на 17 март кога ќе и гостува на Џенова. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан