• сабота, 18 мај 2024

АК Куманово севкупен победник на атлетскиот Куп на Македонија

АК Куманово севкупен победник на атлетскиот Куп на Македонија
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) – Атлетскиот клуб Куманово е севкупен победник во екипна конкуренција во Купот на Македонија, што изминатиот викенд по дождливо време се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со учество на 155 атлетичари од 24 екипи. Соборен е рекордот во фрлање кладиво за млади младинки од Теа Алексовски од АК Куманово, со резултат 25.62 сантиметри, кој досега беше во сопственост на Матеја Ефремовска од истиот клуб, поставен во 2015 година со резултат 22,04 сантиметри. Првото место во севкупна конкуренција го освои АК Куманово со 915 бодови, пред АК Делта (911) и АК Работнички (448). Кај сениорите, најуспешен беше АК Куманово (608 бодови), пред АК Центар (302) и АК Делта (254), додека, во женска сениорска конкуренција првото место го освои АК Делта со 657 бодови, пред АК Охрид (330) и АК Куманово (307). Во ревијалните трки за деца настапија 132 дечиња од 11 атлетски клубови. ег/ар/

Остани поврзан