• четврток, 27 јуни 2024

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Леверкузен, 18 мај 2024 (МИА) - Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар. 

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан