Акција за отстранување диви депонии низ градот Скопје
- СООПШТЕНИЕ: Инспекторатот на Град Скопје со екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје реализираат акција за отстранување обемни диви депонии низ градот. Конкретно на депонија лоцирана на улица Тодор Александров во непосредна близина на Амбасадата на Република Туркије, се фатени лица како непрописно фрлаат отпад покрај празни контејнери со што свесно и со намера креираат дива депонија.
Скопје, 29 јуни 2024 -
Инспекторатот на Град Скопје со екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје реализираат акција за отстранување обемни диви депонии низ градот. Конкретно на депонија лоцирана на улица Тодор Александров во непосредна близина на Амбасадата на Република Туркије, се фатени лица како непрописно фрлаат отпад покрај празни контејнери со што свесно и со намера креираат дива депонија.
Во рамките на акцијата се нотирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад. По отстранувањето на дивата депонија, ќе се спроведе и рачно миење на микролокацијата, а сторителите ќе бидат санкционирани и едуцирани. Во претстојниот период, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена Скопје и Зинсоекторатот на Град Скопје ќе спроведат зачестен патролен надзор на оваа микролокација.
Одделение за односи со јавност - Град Скопје
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.