• понеделник, 22 јули 2024

Азар би можел да ја заврши кариерата по заминувањето од Реал Мадрид

Азар би можел да ја заврши кариерата по заминувањето од Реал Мадрид

Мадрид, 4 јуни 2023 (МИА) - Белгискиот играч за врска Еден Азар би можел да ја заврши кариерата по заминувањето од Реал Мадрид, тврди новинарот Фабрицио Романо.

 

Вчера, Реал Мадрид го објави заминувањето на Азар на крајот од сезоната. Фудбалерот размислува да стави крај на играчката кариера доколку не најде достојна опција.

 

Азар е во Реал Мадрид од 2019 година. Претходно играше за Челзи и Лил.

 

Вкупно, Белгиецот забележа 76 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи седум гола и 12 асистенции. Азар е проценет на пет милиони евра од „Transfermarkt“.

 

Заедно со Реал Мадрид, Азар двапати стана шампион на Шпанија (2019/20, 2021/22), го освои шпанскиот куп 2022/23 и два пати го освои шпанскиот Суперкуп (2019/20, 2021/22). Белгиецот е победник во Лигата на шампионите 2021/22. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан