Американски авиони испуштија хуманитарна помош во северниот дел на Појасот Газа
- Наведено е дека еден од пакетите паднал во плитка вода во близина на брегот и дека не се претпоставува дека биле оштетени цивили или инфраструктура, но ситуацијата ќе продолжи да се следи. Беше нагласено дека САД ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош од воздух.
Вашингтон, 24 април 2024 (МИА) - Централната команда на Соединетите Американски Држави (ЦЕНТКОМ) соопшти дека од воздух испуштила хуманитарна помош на северот од Појасот Газа, а станува збор за пратка доволна за нешто повеќе од 30.000 оброци.
Во соопштението на ЦЕНТКОМ објавено на Х се наведува дека досега во Газа биле пренесени 1.041 тони помош.
Наведено е дека еден од пакетите паднал во плитка вода во близина на брегот и дека не се претпоставува дека биле оштетени цивили или инфраструктура, но ситуацијата ќе продолжи да се следи.
Нагласено е дека САД ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош од воздух. паг/
Фото: МИА архива