Тројца повредени во руски напад врз Харков
- Остатоци од соборени руски беспилотни летала рано утринава погодија цивилни цели во Харков, вториот по големина град во Украина, при што беа повредени три лица и предизвикаа пожар во деловна зграда.
Харков, 4 мај 2024 (МИА) – Остатоци од соборени руски беспилотни летала рано утринава погодија цивилни цели во Харков, вториот по големина град во Украина, при што беа повредени три лица и предизвикаа пожар во деловна зграда.
Регионалниот гувернер Олех Синехубов на Телеграм информира дека 13-годишното дете и една жена се хоспитализирани. На друга жена и била укажана помош на лице место.
Службите за итни случаи го ставаат пожарот под контрола, додаде тој. јт/
Фото: Телеграм