Канадски министер за одбрана Блер: Наскоро на Украина ќе и го испорачаме системот за противвоздушна одбрана НАСАМС
- Најновиот систем за противвоздушна одбрана НАСАМС што Канада го купи од САД наскоро ќе биде префрлен во Украина, изјави канадскиот министер за одбрана Бил Блер.
Отава, 21 ноември 2024 (МИА) - Најновиот систем за противвоздушна одбрана НАСАМС што Канада го купи од САД наскоро ќе биде префрлен во Украина, изјави канадскиот министер за одбрана Бил Блер.
„Ние тесно соработувавме со САД и производителот „Рејтеон“ на склопување и испорака на овој систем. Во моментов е во Полска и наскоро треба да биде испорачан преку граница“, рече Блер, пренесува Укринформ.
Блер потсети дека канадскиот премиер Џастин Трудо претходно телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и го информирал за претстојното пристигнување на системот НАСАМС.
Канада објави во јануари 2023 година дека на Украина ќе и испорача системот. Аранжманот предвидуваше Канада да ги финансира комплетните трошоци за системот за противвоздушна одбрана, кои се проценуваат на над 300 милиони долари, додека САД ќе бидат одговорни за испораката во Украина. рп/
Фото: МИА архива