• сабота, 29 јуни 2024

Ќе реконструираат спортска сала во Гевгелија и училиштето во Секирник, Општина Босилово

Ќе реконструираат спортска сала во Гевгелија  и училиштето во Секирник, Општина Босилово

Струмица, 5 декември 2023 (МИА) - Преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион наскоро ќе почне реконструкцијата на спортската сала ДТВ „Партизан“ во Гевгелија и ќе се реконструира училиштето во селото Секирник, Општина Босилово.

Реализацијата на двата зафати е во рамки на проектот „Подобрување на енергетската ефикасност на јавни објекти во Југоисточниот Регион“, а договорите со директорот на Центарот, Ѓоко Камчев, ги потпишаа градоначалниците на Гевгелија и Босилово, Андон Сарамандов и Ристо Манчев.

Како што соопштија од Општина Гевгелија, проектот има за цел повторно ставање во функција на најстарата спортска сала во Гевгелија и нејзино отворање за младите спортисти за подготовка и реализација на нивните активности

- Овој општествено-значаен објект во центарот на Гевгелија, за брзо време, ќе добие нов лик. За реализација на истиот се потребни вкупно 16.377.030 денари, од коишто Општина Гевгелија ќе учествува со 7.776.400 денари, стои во изјавата на гевгелискиот градоначалник.

Како што информираа од Општина Босилово, со потпишаниот договор за реконструкција на училиштето во селото Секирник ќе се замени покривот, фасадата, внатрешниот тоалет и ќе се постават фотоволтаици. Наскоро ќе биде распишан тендер, а градежните работи се очекува да почнат напролет.

Средствата за реконструкција на спортскиот објект ДТВ „Партизан“ во Гевгелија и за училиштето во Секинрик се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој. рт/ир

Фото: Општина Гевгелија и Општина Босилово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан