• петок, 22 ноември 2024

Јанчев: Субвенциите и водоснабдувањето - проблем за кавадаречките земјоделци

Јанчев: Субвенциите и водоснабдувањето - проблем за кавадаречките земјоделци

Скопје, 29 јуни 2024

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, алармира за два проблема во областа на земјоделието во кавадаречко. Првиот проблем се однесува на наводнувањето во Кавадаречко поле, а вториот се однесува на субвенциите.
 
Пред АД Водостопанство - Тиквеш во Кавадарци, пратеникот Сашко Јанчев истакна дека по однос на наводнувањето, до него стигнуваат поплаки од земјоделци дека системот за наводнување се управува и се стопанисува многу неодговорно и дека постојат две здруженија блиски до СДС и до ДПМНЕ коишто си играат пинг - понг со водата, вадејќи ги само сопствените ниви, а другите се оставени на божја милост и немилост, чекајќи да заврне дожд. Ако во некој случај им се пушти вода, им се пуштаат по две капки и тоа им се смета како да поминале на редот. Исто така, земјоделците велат дека и секојдневно се појавуваат дефекти на водоводниот систем.
 
Вториот проблем е проблемот со субвенциите. Земјоделците пријавуваат дека во подрачните канцеларии тешко наоѓаат вработени, а кога ќе ги најдат, дека вработените се или цело време на пауза или дека системот е паднат, па се плашат дека ќе ги испуштат роковите за субвенции. 
 
Ова е многу алармантна ситуација, затоа што државниот систем е од суштинско и пресудно значење по однос на тоа дали земјоделската сезона ќе биде успешна или не.
 
Несериозниот систем на државните институции си игра со маката на земјоделците. Буквално, ова е играње мајтап со илјадници судбини и со целото производство. 
 
Ако се има предвид дека земјоделието е од национален интерес, тогаш овој несериозен пристап е на ниво на велепредавство. Затоа Левица алармира да државните институции и Министерството за земјоделие сериозно се заангажираат за решавање на овој проблем. Во спротивно, ние како политичка партија ќе бидеме приморани да го заостриме притисокот.  

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан