• сабота, 29 јуни 2024

Ќе биде распишан оглас за избор на четворица нови членови на Комисијата за дискриминација

Ќе биде распишан оглас за избор на четворица нови членови на Комисијата за дискриминација

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Собранието ќе распише оглас за избор на четворица членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поради тоа што е истечен нивниот мандат. 

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја изгласа одлуката за објавување Јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Исто така е изгласано изменување на одлуката за избор на членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“. ев/ац/

Остани поврзан