• петок, 28 јуни 2024

Јувентус не бара замена за Мората, напаѓачот нема да биде пуштен во Барселона

Јувентус не бара замена за Мората, напаѓачот нема да биде пуштен во Барселона
Торино, 12 јануари 2022 (МИА) - Напаѓачот Алваро Мората во сопственост на Атлетико нема да се пресели од Јувентус во Барселона. Според „As“, тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри високо го цени напаѓачот и се противи на неговото заминување. Јувентус нема да го пушти Шпанецот и не бара замена за 29-годишниот напаѓач. Беше објавено дека Алваро е разочаран од одлуката на Алегри да не го пушти во Барса, бидејќи навистина сака да замине во каталонскиот клуб. На лето Јувентус ќе одлучи дали ќе го купи Мората од Атлетико. Оваа сезона напаѓачот одигра 25 натпревари за италијанскиот клуб на сите турнири, постигна седум гола и направи три асистенции. зс/

Остани поврзан