ЈП „Водовод“ продолжува со санација на дефектот на цевка во кумановската населба „Перо Чичо“
- Екипите на кумановското јавно претпријатие „Водовод“ денеска продолжуваат со санација на дефектот на водоводната мрежа во населбата „Перо Чичо“, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Вчера во ноќните часови поради дефект на водоводна мрежа на улицата „Руѓер Бошковиќ“ се излеа поголема количина на вода од пукнатата водоводна цевка „Ф 150“ и поради ниските температури, асфалтот на коловозите „Михајло Пупин“ и на „Ѓорче Петров“ (централна улица) подмрзнаа.
Куманово, 12 јануари 2025 (МИА) - Екипите на кумановското јавно претпријатие „Водовод“ денеска продолжуваат со санација на дефектот на водоводната мрежа во населбата „Перо Чичо“, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Вчера во ноќните часови поради дефект на водоводна мрежа на улицата „Руѓер Бошковиќ“ се излеа поголема количина на вода од пукнатата водоводна цевка „Ф 150“ и поради ниските температури, асфалтот на коловозите „Михајло Пупин“ и на „Ѓорче Петров“ (централна улица) подмрзнаа.
- Дежурните екипи на ЈП Водовод веднаш реагираа и го прекинаа водоснабдувањето на во истиот момент со екипи од ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово задолжени за зимско одржување на јавно прометни површини пристапија кон расејување на сол и ризла за обезбедување на услови за безбедно одвивање на сообраќај и пристап на механизација за поправка на настанатиот дефект на водоводна мрежа, изјави директорот на кумановски „Водовод“, Игор Липковски.
Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ, изјави дека екипите на претпријатието во неколку наврати фрлале сол и ризла на улиците кои поради подмрзнување и самата конфигурација на теренот беа небезбедни за движење и за сообраќај.
- Добивме пријава од РЦУК Куманово и веднаш интервениравме во три наврати, изјави Томиќ.
Од „Водовод“ ги замолуваат граѓаните за разбирање и повикаа да се придржуваат до условите за безбедно возење на овие локации. ам/са/
Фото: МИА