• вторник, 03 март 2026

Пожар во барака во Дебар, нема повредени лица

Пожар во барака во Дебар, нема повредени лица

Дебар, 13 јануари 2026 (МИА) - На излезот од градот, на регионалниот пат Дебар - Струга, настана пожар во барака во непосредна близина на фирма за преработка на дрво. Поради брзата интервенција на екипата на Територијалната противпожарна единица Дебар, не дојде до проширување на пожарот.

- Пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од екипа на ОВР Дебар - информираа од Секторот за внатрешни работи - Охрид.

Од Територијалната противпожарна единица, која гасне пожари во општините Дебар, Центар Жупа и на подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, апелираат на поголема внимателност. вт/вј/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан