• четврток, 05 март 2026

Поради градежни активности учениците од Драгобрашта второто полугодие ќе го започнат во централното училиште

Поради градежни активности учениците од Драгобрашта второто полугодие ќе го започнат во централното училиште

Виница,13   јануари 2026 (МИА) - Учениците од подрачното ОУ „Никола Парапунов“ од виничкото село Драгобраште наставата во второто полугодие ќе ја започнат во централното училиште во Виница. Причина за ова е што се уште траат градежните активности во училишниот објектот во Драгобраште, информира локалната самоуправа.

-Во првото полугодие, исто така се работеше.  Се изврши целосната реконструкција на азбестниот кров на училиштето, кој се наоѓаше во исклучително лоша состојба и протекуваше. Истовремено, се изврши и замена на плафонот во сите училници и холот, појаснува градоначалникот на Општина Виница, Драги Костадиновски.

Во тој период, учениците од ОУ „Никола Парапунов“  на настава патуваа во подрачното училиште во соседното село Трсино. Превозот го обезбеди Општината.

Годинава, бидејќи се уште траат градежните работи, второто полугодие учениците од Драгобраште ќе го започнат во централното основно училиште. 

Средствата за овој проект за училишната зграда на ОУ „Никола Парапунов“ во вредност од 6 милиони денари  се обезбедени преку повикот на Владата  и Министерството за образование и наука за инфраструктурни проекти за општините. ис/вј/

Фото: Општина Виница 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан