Онкологот Ристески: Никотинските лепенки не лечат рак, не слушајте глупости по интернет, напротив - го штитат ракот
- -Повторна реакција за идиотските рилсови на ФБ - Никотинот лечел рак!!! Џабе пријава, ова Мета стана ѓубриште на глупости! Еве ви ја вистината: Никотинот не лечи рак; напротив, ги штити клетките на ракот од смрт, потенцијално намалувајќи ја ефикасноста и на имунотерапијата, таргет терапијата, хемотерапијата и радиотерапијата, а и го стимулира растот на туморот и туморската ангиогенеза - создавањето на туморски крвни садови кои го хранат ракот!!! Никотинот ги активира сигналните патишта (PI3K) кои ги штитат клетките на ракот, особено ако има мутација во тој сигнален пат, а во најголемиот дел од туморите има баш таму мутациии, вели д-р Ристески.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.