• четврток, 25 јули 2024

ЈКП „Стандард" - Дебар почна со поставување контејнери за отпад во населените места

ЈКП „Стандард

Дебар, 4 февруари 2024 (МИА) - Дебарското јавно комунално претпријатие „Стандард“, почна со поставување контејнери за отпад во населените места.

Контејнери селата добиваат за првпат, откако на почетокот на минатиот месец, претпријатието доби дозвола за управување со неопасен отпад (собирање и транспорт на неопасен отпад).

- Со добиената дозвола од страна на  министертвото за животна средина и просторно планирање, добивме право и за подигање на неопасен отпад и во селските населени места. Веќе почнавме со поставување контејнери. Поставени се во селата Џепиште, Долно Косоврасти а продолжуваме и во другите села, изјави за МИА Бурим Каба, директор на „Стандард“.

Апелира до жителите, како во градот така и селата,  да бидат совесни и отпадот исклучиво да го ставаат внатре а никако пред контејнер.

- Нашите возила, според востановениот распоред го подигаат отпадот. Уште еднаш нагласувам дека е строго  забрането во контејнерите да се одлага цврст градежен и друг отпад што не претставува комунален отпад, посочува Каба.

Според него, во зависност од потребата ќе се зголеми и бројот на контејнери.вт/са/


Фото: МИА

Остани поврзан