• среда, 17 јули 2024

Јерликај: Најмалку седум мигранти загинаа, еден е исчезнат, а 19 се спасени во близина на турскиот брег кај Чешме

Јерликај: Најмалку седум мигранти загинаа, еден е исчезнат, а 19 се спасени во близина на турскиот брег кај Чешме

Анкара, 9 јули 2024 (МИА) - Најмалку седум мигранти загинаа, еден исчезна, а 19 се спасени денеска во близина на западниот брег на Турција во Егејското Море, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликај.

Јерликаја на платформата Х напиша дека потрагата по еден исчезнат мигрант во близина на брегот на градот Чешме продолжува.

„Еден хеликоптер, четири брода на крајбрежната стража и нуркачки тим се вклучени во операцијата за пребарување и спасување“, рече Јерликај.

Турската крајбрежна стража пристигнала на местото на настанот откако рибарски брод во областа повикал помош. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан