• петок, 22 ноември 2024

Шпанија најави мерки за спречување на ширењето лажни вести, опозицијата ги смета за цензура

Шпанија најави мерки за спречување на ширењето лажни вести, опозицијата ги смета за цензура

Мадрид, 17 јули 2024 (МИА) - Шпанија денеска објави мерки наменети за спречување на ширењето на лажни вести. Оваа иницијатива беше критикувана од конзервативната опозиција како обид за цензурирање на клучните медиуми, објавија британските медиуми.

Санчез најави дека правилата ќе важат за сите медиуми. Тој чин има за цел да ги регулира медиумите, но и да ги заштити новинарите од државно шпионирање или принуда за откривање на нивните извори.

Санчез предложи од медиумите да се бара да ги идентификуваат сите акционери кои имаат влијание врз уредувачката политика, износите што ги добиваат од јавното рекламирање и од трети земји, како и транспарентните податоци за читателите и гледачите. Тој најави и субвенции во износ од 100 милиони евра за помош на традиционалните медиуми да станат дигитални.

-Предлог-законот е „закон за цензура“, објави конзервативната Народна партија на платформата „Х“.

Предлогот дојде во време кога дебатата за слободата на медиумите и контролата на штетни или погрешни содржини се интензивираше со изборите за Европскиот парламент и другите избори во Европа, Индија и САД. мс/

фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан