• петок, 28 јуни 2024

Ја здогледа девојката од своите соништа, па направи сѐ за да дојде до неа

Ја здогледа девојката од своите соништа, па направи сѐ за да дојде до неа

Чикаго, 28 април 2023 (МИА) - На трибините на неодамнешен натпревар на бејзбол-тимот Чикаго кабс во САД, млад човек ја здогледал личноста од своите соништа, па направил сѐ што можел за да ја запознае...

Навивачот ѝ го предаде неговиот телефон преку публиката на трибините за да го добие нејзиниот број. Уредот секако стигна до девојката... Таа гласно се насмеа и се согласи да го внесе нејзиниот број, по што му го врати мобилниот на додворувачот. 

@oliviamarino__ And this was my POV 🫶🏼😂@cubs ♬ Love Story (Taylor’s Version) - Taylor Swift

„Колку е ова слатко... Тој еден ден ќе им раскаже на децата - вака ја запознав мајка ви", „Момчето веднаш ѝ го даде мобилниот телефон со отклучен екран. Ох, тоа е љубов!", „Убаво. Многу ме интересира како ќе им мине првиот состанок", „Го гледав видеото сто пати и го гледам повторно. Прекрасно!" - пишуваат луѓето во коментарите на интернет-просторот.

Се огласи и девојката која беше цел на ласкавото додворување.

„Здраво пријатели. Ова сум јас на видеото и можам да потврдам дека немам момче", напиша девојката по име Оливија Марино, додавајќи шеговито - „Друштво, сите вие сте поканети на свадба“, во друга своја објава.

Според гласините, таа и додворувачот договориле прв состанок, па се чини, сеирџиите едвај го чекаат продолжението на оваа несекојдневна вистинита љубовна приказна.  си/сд/

Фото: Pixabay

Остани поврзан