• недела, 22 декември 2024

Димитриеска Кочоска: Јавниот долг согласно последните пресметки на крајот на годинава ќе биде 62,7 проценти

Димитриеска Кочоска: Јавниот долг согласно последните пресметки на крајот на годинава ќе биде 62,7 проценти

Скопје, 22 ноември 2024 (МИА) - Висината на јавниот долг, согласно последните пресметки велат дека на крајот на 2024 година ќе биде 62,7 проценти од БДП, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. 

Јавниот долг, нагласи Димитриеска Кочоска во многу голема мера зависи од тоа колку останатите институции, акционерски друштва и т.н. ќе повлечат од веќе договорени кредити. 

-Ако не ги повлечат, може нема да биде ниту 62,7 проценти. Тоа е проекција на Министерството за финансии, под претпоставка дека реализацијата на кредитите ќе оди така како што е договорено, изјави Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на настанот „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, во организација на Фискалниот Совет на Република Северна Македонија и Finance Think. 

Прашана што ќе направи Министерството за финансии околу висината на јавниот долг, Димитриеска Кочоска, рече дека веќе работат најпрво на тоа да се види колкави се обврските од сите институции.

- Имаше заклучок од Влада, секоја од институциите, по заклучок од Влада, треба да достави информација колкави се обврските. Таму каде што имаме неусогласености, ги враќаме повторно кај институциите да ги усогласат и пријават обврските. Во меѓувреме како министер за финансии формирав неколку вонредни ревизии во одредени институции, кои што треба да ни потврдат, како внатрешна ревизија, дека навистина обврските кои што ги пријавуваат се такви, затоа што несоодветствуваат со коментарите кои што ги даваат вработените таму. Значи ревизорите ќе го констатираат тоа, изјави Димитриеска Кочоска. аа/ац/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан