Јанчев: Зимската служба при ЈП „Комуналец Кавадарци започна со работа
- Зимската служба при јавното претпријатие „Комуналец" Кавадарци започна со работа, информираше вечерва кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 8 јануари 2026 (МИА) - Зимската служба при јавното претпријатие „Комуналец" Кавадарци започна со работа, информираше вечерва кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Тој соопшти дека во насока на безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во зимски услови, на терен се ангажирани три возила.
- Едно возило е активно на подрачјето на град Кавадарци. Второ возило работи на релација Дреново – Бегниште – Ресава – Шивец. Трето возило е распоредено по Бошавијата, на правец Ресава – Бегниште. Апелираме до граѓаните за внимателно движење и почитување на сообраќајните правила. Нашите екипи се постојано на терен и ја следат состојбата, сподели Јанчев на својата Фејсбук страница. свд/ац/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев