• сабота, 18 мај 2024

Ѓорческа напредуваше на ВТА ранг-листата

Ѓорческа напредуваше на ВТА ранг-листата

Лондон, 19 февруари 2024 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има за четири места подобар ранг од претходната недела на ВТА листата и се наоѓа на 235. место. 

Ѓорческа на новото рангирање има седум поени повеќе односно 319, добиено за пласманот во четвртфиналето на фјучрсот во Анталија.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има скок за едно место – 373, со истиот број на поени – 226.

Магдалена Стоилковска, пак има пад за една позиција и се наоѓа на 1212. место со девет поени. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан