• понеделник, 19 август 2024

Шумски пожар кај грчкиот град Литохоро – порака за евакуација до граѓаните што се во близина

Шумски пожар кај грчкиот град Литохоро – порака за евакуација до граѓаните што се во близина

Атина, 18 август 2024 (МИА) – Шумски пожар избувна во близина на грчкиот град Литохоро во областа Пиериа, а преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите оние кои се наоѓаат во местото Плака да се евакуираат кон Катерини и Лептокарија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 18 пожарникари со седум возила, два авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни од општините.

Според локалните медиуми, поради силниот ветер огнените јазици брзо се шират и веќе е предизвикана штета на една куќа.

Од грчката железница информираа дека поради пожарот привремено е во прекин железничкиот сообраќај во конкретниот регион. ср/

Остани поврзан