• петок, 22 ноември 2024

Штипските средни училишта организираа Отворен ден за идните средношколци

Штипските средни училишта организираа Отворен ден за идните средношколци

Штип, 1 јуни 2023 (МИА) - Отворен ден за средните училишта денеска се реализираше во Дом на млади-Штип, каде преку презентации, музика, изложба, модна ревија, учениците и професорите од четирите средни училишта прикажаа што нудат за идните средношколци.

Марија Николиќ, директор на СОУ „Јане Сандански“ Штип информираа дека оваа година медицинското училиште има слободни места за 175 ученика.

- Слободните места се за следните профили: медицинска сестра, забен техничар, физиотерапевтски техничар, фармацевски техничар и гениколошко – акушерска сестра. На ниво на општина за првпат нашето училиште сите паралелки ги направи дуални односно паралелки со зголемен број на часови за пракса, изјави Николиќ.

Со тенденција да се запишат повеќе средношколци оваа година и со слободни 95 места средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ ги отвора вратите за деветтоодделенците и нуди можност да се запишат во еден од четирите образовни профили.  

- СОУ „Димитар Мирасчиев“ ги нуди следниве образовни профили: техничар за изработка на облека која по концептот на дуално образование, техничар за дизајн на облека, техничар за моделирање на облека со четиригодишно образование и со три годишно образование конфекционер, истакна Марина Варадиновска, директор на СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип.

Слободни 254 места за идните средношколци има и во СОУ „Коле Нехтенин“. Во низата насоки на електро-машинската струка, угостителската кои ги нуди ова училиште, вработените очекуваат висок број на запишани средношколци, а во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ годинава има слободни 160 места за идните средношколци.

Учениците од деветто одделение од основните училишта денеска имаа можност да се запознаат со можностите кои ги нудат средните училишта и да одлучат каде да го продолжат своето средно образование. вдј/цр

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан