• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците   

Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците   

Скопје, 31 март 2025 (МИА) - Полицијата денеска го пронашла, извршила службен разговор и го санкционирала возачот кој на 28-ми овој месец возел со автомобил по тротоар на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје и ја загрозил безбедноста на пешаците.

-На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило „ауди" со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. „Гоце Делчев" на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците, информираат денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека снимка од настанот била споделена и на социјалните мрежи. Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци. сст/дма/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан