• недела, 23 јуни 2024

Штипските детски градинки утре ќе го одбележат Денот на детето

Штипските детски градинки утре ќе го одбележат Денот на детето

Штип, 31 мај 2024 (МИА) - Дечињата и родителите утре ќе учествуваат во одбележување на 1 јуни - Денот на детето, организиран од штипските градинки „Астобо“ и „Вера Циривири -Трена“. Директорите на градинките „Астибо“ и Вера Циривири-Трена“, Илија Митров и Ивана Ангеличкова на денешната прес-конференција истакнаа дека Денот на детето традиционално секоја година се одбележува во Штип, а претставува чест на градинките кои го организираат.

-Детските градиинки по повод 1 јуни, Светскиот ден на детето и светскиот ден на танцот, традиционално учестуваат во игра проект кој што го организираме како настан заедно децата со родителите. Оваа година ќе се одржи утре, први јуни, сабота со почеток во 19 часот на Градскиот стадион Штип и воедно ги поканувам како детска градинка „Астибо“ сите заинтересирани граѓани да дојдат да го погледнат настанот, ќе уживаат и нема да зажалат, вели Митров.

Годинава покровител на настанот е и Општина Штип посочуваат дирекотрите на градинките и упаруваат голема благодарност за подршката и заинтересираноста во проектите на градинките. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан