Шефот на кинеската дипломатија ги потенцира опасностите на АУКУС
- Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, во одделни телефонски разговори со колегите од Малезија и Брунеи, ги потенцираше опасностите од нуклеарната подморница АУКУС, објави денеска К
Пекинг, 30 септември 2021 (МИА) - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, во одделни телефонски разговори со колегите од Малезија и Брунеи, ги потенцираше опасностите од нуклеарната подморница АУКУС, објави денеска Кинеската медиумска група (ЦМГ).
Ванг рече дека трилатералниот пакт за безбедност АУКУС, формиран од САД, Велика Британија и Австралија, ќе создаде ризик од ширење нуклеарна енергија.
- Соединетите Американски Држави еднострано санкционираа други земји кои развиваат технологии за збогатување ураниум, но ја поштедија Австралија, што дефинитивно ќе донесе ризик од ширење на нуклеарната технологија и нуклеарни материјали и ќе влијае на меѓународниот систем за ограничување на ширењето на нуклеарната енергија, посочи Ванг.
Тој рече дека пактот може да предизвика уште еден круг од трката за вооружување.
Ванг додаде дека овој потег ќе претставува вистинска закана за земјите во регионот, а други земји би можеле да го следат неговиот потег и да започнат нов круг на трката за вооружување, па дури и да го надминат нуклеарниот праг.
- Тоа исто така ќе наштети на регионалниот просперитет и стабилност, истакна Ванг.
Според него, „со заеднички напори на Кина, АСЕАН и другите земји во текот на годините, регионот стана најдинамичниот и најбрзорастечкиот во светот“.
- Меѓутоа, инсистирањето на АУКУС да создаде регионални тензии фрли сенка врз мирот, стабилноста и развојот во регионот, рече Ванг, додавајќи дека договорот ќе ја саботира изградбата на зона без нуклеарно оружје во Југоисточна Азија. паг/