• петок, 06 септември 2024

Шефицата на финската дипломатија, Валтонен допатува во Косово

Шефицата на финската дипломатија, Валтонен допатува во Косово

Приштина, 5 септември 2024 (МИА) – Министерката за надворешни работи на Финска, Елина Валтонен, пристигна претпладнево на аеродромот во Приштина, каде што беше пречекана од нејзината косовска колешка, Доника Гервала, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Добредојдовте во Република Косово, министерке Елина Валтонен“, се вели во објавата на финската амбасада во Косово.

Гервала и Валтонен нивната средба ја започнаа нешто по 11:00 часот во косовското МНР.

Шефицата на финската дипломатија во 15 часот ќе има средба и со премиерот Албин Курти.

Таа планира во рамките на оваа балканска турнеја да ги посети и Албанија и Србија.

Целта на посетата на Валтонен, како што е најавено, е зајакнување на политичките и трговските односи со финските партнери од Западен Балкан.

„Финска ги поддржува аспирациите на земјите од регионот за членство во ЕУ“, се вели во соопштението на финското МНР. иа/ми/

Остани поврзан