• петок, 04 октомври 2024

Нехамер: Австрија е подготвена да биде домаќин на мировните преговори во Украина

Нехамер: Австрија е подготвена да биде домаќин на мировните преговори во Украина

Виена, 5 септември 2024 (МИА) - Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека Австрија се залага за праведен и траен мир во Украина и е подготвена да биде домаќин на мировните преговори.

„Ги земаме предвид изјавите на рускиот претседател за неговата отвореност за мировни преговори со Украина. Сите преговори мора да се одвиваат без предуслови. Австрија ќе биде подготвена да поддржи праведен и траен мир заснован на меѓународното право и да биде домаќин на преговорите како седиште на ОБСЕ“, објави Нехамер на платформата Икс. рп/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан