• петок, 06 септември 2024

Германија најави зголемување на помошта за Газа за време на посетата на Бербок на Јордан

Германија најави зголемување на помошта за Газа за време на посетата на Бербок на Јордан

Аман, 5 септември 2024 (МИА) – Германија ќе ја зголеми хуманитарната помош за Палестинците во Појасот Газа за 50 милиони евра (55 милиони долари) на повеќе од 360 милиони евра од минатата година, соопшти денеска во Аман германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Бербок ова го кажа на состанокот со јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Ал-Сафади, јави ДПА.

Главниот фокус на помошта е борбата против гладот, несигурноста во храната и неухранетоста, заедно со обезбедувањето здравствени услуги.

Дополнително, хуманитарната помош за сириските бегалци во Јордан треба да се зголеми за 12,7 милиони евра, со што германската помош за Јордан ќе се зголеми на 63 милиони евра во текот на 2024 година. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан