Шестмина загинати во престрелка во Луисвил
- Шест лица загинаа денеска меѓу кои и еден полицаец, во оружен инцидент во центарот на американскиот град Луисвил, во сојузната држава Кентаки, јави Си-ен-ен
![Шестмина загинати во престрелка во Луисвил](https://new.mia.mk/images/20230410165616_big_730x400_82.webp )
Вашингтон, 10 април 2023 (МИА) – Шест лица загинаа денеска меѓу кои и еден полицаец, во оружен инцидент во центарот на американскиот град Луисвил, во сојузната држава Кентаки, јави Си-ен-ен.
Во престрелката помеѓу напаѓачот и полицијата повредени се шест луѓе.
Според Си-ен-ен, напаѓачот е убиен. Полицијата упати предупредување до жителите да не се приближуваат до тој дел од градот. ми/
фото: МИА архива