• недела, 30 јуни 2024

Четворица од Реал Мадрид во идеалниот тим на Лигата на шампиони

Четворица од Реал Мадрид во идеалниот тим на Лигата на шампиони
Нион, 31 мај 2022 (МИА) – Неколку денови по финалето одиграно во Париз, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги одбра најдобрите 11 фудбалери во сезоната која заврши со триумф на Реал Мадрид над Ливерпул од 1-0. Во идеалниот тим се најдоа четворица фудбалери од новиот европски првак, исто толку од Ливерпул, и по еден од Манчестер сити, Челзи и ПСЖ. Идеалниот тим во Лигата на шампиони во сезоната 2021/22 во избор на УЕФА (4-3-3): Тибо Куртоа (Реал Мадрид) – Трент Александер – Арнолд (Ливерпул), Антонио Рудигер (Челзи), Вирџил Ван Дајк (Ливерпул), Енди Робертсон (Ливерпул) – Кевин Де Брујне (Манчестер сити), Фабињо (Ливерпул), Лука Модриќ (Реал Мадрид) – Килијан Мбапе (ПСЖ), Карим Бензема (Реал Мадрид), Винисиус (Реал Мадрид). ег/паг/

Остани поврзан