• вторник, 02 јули 2024

Марсеј го објави назначувањето на Де Зерби

Марсеј го објави назначувањето на Де Зерби

Марсеј, 30 јуни 2024 (МИА) - Марсеј и официјално соопшти дека за главен тренер на тимот е назначен Роберто Де Зерби. 45-годишниот Италијанец потпиша тригодишен договор со францускиот клуб.

Од Марсеј пред неколку дена открија дека имаат начелен договор со стручњакот, но веќе се разјаснети сите детали од договорот и од вчера тој е нов тренер на тимот од југот на Франција.

Де Зерби го напушти Брајтон на крајот од минатата сезона. Тој импресионираше со својата работа во англискиот шампионат и влезе во видното поле на голем број европски гиганти.

На крајот никој од нив не избра да се обложи на него и тој заврши во Марсеј. дс

Фото: Твитер/Марсеј

Остани поврзан