Крај на една ера: Томпсон го напушта Голден Стејт
- Клеј Томпсон одлучи да не ја продолжи соработката со Голден Стејт Вориорс.
Сан Франциско, 30 јуни 2024 (МИА) - Клеј Томпсон одлучи да не ја продолжи соработката со Голден Стејт Вориорс.
Одличниот шутер и повеќекратниот НБА шампион нема никаква комуникација во изминатите две недели од отворањето на пазарот на најсилната кошаркарска лига во светот.
Меѓу кандидатите за неговиот потпис се Лос Анџелес Лејкерс, Лос Анџелес Клиперс и Далас Маверикс.
Клеј пристигна во Голден Стејт во 2011 година како 11-ти пик на драфтот. Со тимот на Сан Франциско освои четири титули. дс
Фото: Архива