• недела, 22 декември 2024

Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето

Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето

Дебар, 6 октомври 2024 (МИА) - Монашкото братство на Свештената Бигорска Обител, предводено од Преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, упати честитка до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањетопо.

- Со духовна радост ги изразуваме своите искрени благопожелби и честитки до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, по повод 25-годишнината од неговата интронизација, стои во честитката.

Се додава дека изминатите две и пол децении на пастирска љубов и неуморна служба за Црквата и за народот се сведоштво за неговата силна вера и преданост кон православното духовно и културно наследство. 

- Со молитви кон Пресвета Богородица и кон Светиите Божји, просиме небесни благослови за нашиот сакан Архиепископ, та да го продолжи своето апостолство во мир, цел, чесен, здрав, долговечен, со љубов и Божествено просветление. Нека годините што следуваат му бидат исполнети со здравје и со секојдневни Божји благодати. На многаја и благаја лета, Ваше Блаженство, се посакува во честитката на монашкото братство на Свештената бигорска Обител, предводено од владиката Партениј. вт/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан