• сабота, 21 декември 2024

ЦЈЗ -Охрид: Водата во Струшкиот водовод здравствено безбедна

ЦЈЗ -Охрид: Водата во Струшкиот водовод здравствено безбедна

Струга, 10 ноември 2023 (МИА) - Водата од Градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна, соопшти денеска Центарот за јавно здравје Охрид. Сооред информацијата, сите анализирани параметри на земените примероци на вода на 7 ноември по комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа се во законски дозволените граници. Извештаите од анализите се испратени до надлежните инспекциски органи за натамошно постапување.

-Апелираме до жителите на општина Струга и околните села приклучени на Градскиот водовод, да бидат претпазливи при користење на водата за пиење, особено за време и неколку дена после обилни врнежи од дожд. Имено, доколку водата која тече од чешмите е видливо матна и не се избиструва после течење на чешмата од три до пет минути, да се избегнува користењето на таквата вода за пиење, апелира Центарот за јавно здравје Охрид.

Посочува дека континуирано ја следат состојбата со квалитетот на водата за пиење во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и навремено информира во случај на детектирани отстапувања на квалитетот на водата за пиење. сс/љм/

Фото: Центар за јавно здравје Охрид

Остани поврзан