• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ЖФК „Каменица Саса“ подобри од ЖФК „АС Јунајтед“ на натпреварот во Делчево

ЖФК „Каменица Саса“ подобри од ЖФК „АС Јунајтед“ на натпреварот во Делчево

Делчево, 12 април 2025 (МИА) - Во рамки на првата фудбалска лига во женска конкуренција, денеска на Градски стадион „Гоце Делчев“ во Делчево екипата на ЖФК „Каменица Саса“ со 3:1 славеше над ЖФК „АС Јунајтед“. Ова беше прв натпревар во жеснки фудбал одигран во Делчево, а целта натпрварот да се игра овде, како што истакнаа од тимот од Македонска Каменица, е популаризација на женскиот фудбал.

Иако екипата од Македонска Каменица целосно ја имаше иницијативата во текот на натпреварот, сепак први поведоа гостинките на почетокот на првото полувреме. Каменичанки изедначија на 1:1 преку Димитровска во 40-тата минута, резултат со кој се замина на полувреме.

Во второто полувреме, Де Соуза со гол со глава зголеми на 2:1, а конечните 3:1, исто така со гол со глава, ги постави повторно Ана Димитровска. Димитровска која е родена делчевчанка по натпреварот изрази задоволство што и делчевчани имаа можност да гледаат женски фудбал.

-Бидејќи сум од Делчево, сакам да има повеќе натпревари во Делчево, сега како за прв пат беше супер. Благодарам на публиката што дојдоа, јас лично сум задоволна од прикажаното, мислам дека прикажавме супер фудбал, се надевам и другите се задоволни, истакна Димитровска.

По овој натпревар, пред екипата на ЖФК Каменица Саса на табелата остануваат Тиверија и Љуботен, во првата женска лига, како што додаде Димитровска, се игра трокружен систем, а потоа победникот на крајот игра во женската Лига на шампиони. вс/


Фото: МИА

 

 

Остани поврзан