• недела, 23 јуни 2024

ЦУК: Изутрината активни биле четири пожари, вчера 20 пожари на отворен простор

ЦУК: Изутрината активни биле четири пожари, вчера 20 пожари на отворен простор

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изутринава имало четири активни пожари и тоа во Општина Македонски Брод, кај село Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава, каде што горела ниско стеблеста шума и пасиште, во општина Прилеп, кај село Алинци и во Општина Сопиште кај  село Света Петка, каде што гореле депонии  и во Општина Студеничани кај село Осинчани каде што горела ниска мешана шума и сува трева.

На отворен простор вчера имало вкупно 20 пожари, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК. При тие пожари гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана, а и борова шума и неколку депонии. Утрово активни биле четири пожари, а изгаснатите 16 пожари биле во општините: Гази Баба, Сарај, Босилово, Кривогаштани, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Струга, Чашка, Куманово и во општината Јегуновце. ев/

ФОТО: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан