• вторник, 17 декември 2024

Мисајловски: Ќе го вратиме достоинството на Армијата - ветувам инвестиции во објектите, нова опрема, поголеми плати и подобри услови за работа

Мисајловски: Ќе го вратиме достоинството на Армијата - ветувам инвестиции во објектите, нова опрема, поголеми плати и подобри услови за работа

Скопје, 23 јуни 2024

Од секогаш се борев за Македонија, државата ми е водилка и чест ми е кога народот ме бира, но сега честа е неизмерна, затоа што ќе раководам со министерството во кое секој еден припадник е спремен да даде се за Македонија.

Гордост е да се биде на чело на Министерството за одбрана. Уште поголема е обврската.

Со години Армијата беше оставена на маргините. Време е тоа да се промени.

Ветувам враќање на достоинството на Армијата. Ветувам инвестиции во објектите на АРМ, нова опрема, подобри услови за работа, поголеми плати. Ветувам дека ќе се грижам за луѓето кои се грижат за нас целиот свој живот.

Ќе се ангажирам посветено. Армијата ќе биде огледало за државата. Како НАТО членка треба да знаеме дека Армијата е најголем амбасадор на државата, од семинари, до обуки, тренинзи и вежби со сојузничките армии.

Македонија ќе биде горда на својата Армија. Македонија за тебе. За сите нас. Почнуваме.

 

Линк од објава на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и предлог министер за одбрана

https://www.facebook.com/misajlovskivlado/posts/pfbid026MrzLinSEKbSomdehTVcwL6vR62dsRdLE61KErEZK4okNQCnVBsFumHL1bv55McMl

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан