• петок, 22 ноември 2024

Поплавени куќи во Тетовско, пожарникарите бараат исклучување на струјата во градот

Поплавени куќи во Тетовско,  пожарникарите бараат исклучување на струјата во градот

Тетово, 23 јуни 2024 (МИА) - Силно невреме попладнево го зафати Тетово и околината. Поплавени се педесеттина куќи и  објекти, а пожарникарите бараат да се исклучи електричната енергија во целиот град, информират од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово, бидејќи според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти. На 112 има повеќе од 200 пријави на штети на возила, вклучително и на скршени ветробрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје-Тетово, особено во делот на општина Желино, соопштуваат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека стапиле во контакт со ЕВН и ги информирале дека ќе ја исклучуваат струјата улица по улица и населба по населба.

Невремето почнало во 16:30 часот, а било проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути.

Од ЦУК информираат дека големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од педесетина куќи и објекти во пониските делови на градот.

-Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналното преторијатие се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите, велат од ЦУК.

Силниот ветер и градот направиле штети на земјоделските култури и овошните насади, но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила.... Штетите ќе се проценуваат дополнително. ас/дма/

Фото: ЦУК/ Фејсбук
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан