• среда, 03 јули 2024

Цел тим на Торино во изолација

Цел тим на Торино во изолација
Торино, 19 октомври 2020 (МИА) - Тимот од Торино, кој е во сериозна резултатска криза, мора да се справи со уште еден голем проблем. Поради четири позитивни тестови за коронавирус, денес тимот е изолиран во хотел и нема да биде во контакт со надворешниот свет неколку дена. Заразени се двајца фудбалери и двајца членови на персоналот. „Биковите“ ќе одат само на тренинг терените, по што ќе се вратат во хотелот. Во петок, Торино ќе гостува кај Сасуоло во натпреварот од петтото коло во Серија А. Досега, тимот загуби три натпревари и се наоѓа на дното на поредокот.

Тагови

Остани поврзан