• четврток, 04 јули 2024

Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024

Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024

Берлин, 3 јули 2024 (МИА) - На Европското првенство во фудбал завршија сите натпревари од осминафиналето по што се формираа двојките за четврфиналната фаза.

Во четвртфиналето, домаќинот на првенството Германија ќе игра против Шпанија, Португалија ќе се соочи со Франција, Холандија со Турција, а Англија со Швајцарија.

Двојки и термини за 1/4финалето: 

Шпанија - Германија (5 јули, 18 часот)

Португалија - Франција (5 јули, 21 часот)

Англија - Швајцарија (6 јули, 18 часот)

Холандија - Турција (6 јули, 21 часот).

Четвртфиналните средби ќе се играат во Штутгарт, Хамбург, Берлин и Диселдорф. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан