• среда, 03 јули 2024

Пиоли блиску до назначување во Ал-Итихад

Пиоли блиску до назначување во Ал-Итихад

Милано, 3 јули 2024 (МИА) - Поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли би можел да го преземе Ал-Итихад од Саудиска Арабија, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според информациите кои доаѓаат од Италија, двете страни се многу блиску до завршување на преговорите. Конечните детали може да се договорат во текот на денов.

Шеесет и петгодишниот Италијанец го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24. 

Под водство на Пиоли, „Росо-нерите“ ја освоија италијанската Серија А во сезоната 2021/22. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан