Целодневен штрајк на вработените во општинските служби на Лос Анџелес
- Неколку илјади градски работници, вклучително и механичари, спасувачи и работници во јавниот транспорт, протестираа пред градското собрание и на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, обвинувајќи ја градската управа за нефер третман за време на работните преговори.
![Целодневен штрајк на вработените во општинските служби на Лос Анџелес](https://new.mia.mk/images/20230809081349_big_730x400_45.webp )
Лос Анџелес, 9 август 2023 (МИА) - Вработените во општинските служби во Лос Анџелес стапија во 24-часовен штрајк поради „злонамерно договарање на владини претставници за условите на новиот (колективен) договор.
Неколку илјади градски работници, вклучително и механичари, спасувачи и работници во јавниот транспорт, протестираа пред градското собрание и на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, обвинувајќи ја градската управа за нефер третман за време на работните преговори.
-Градските работници се клучни за функционирањето на услугите за милиони граѓани на Лос Анџелес и за нашата локална економија, рече градоначалничката на Лос Анџелес Карен Бас.
Таа додаде дека работниците заслужуваат фер договори, а градот секогаш ќе биде достапен за преговори. Станува збор за уште еден масовен штрајк во вториот по големина град во САД во последните неколку месеци, откако претходно штрајкуваа холивудските писатели и актери. мс/
фото: МИА архива