• сабота, 29 јуни 2024

Белорусија распореди ракетни фрлачи на границата со Украина

Белорусија распореди ракетни фрлачи на границата со Украина

Минск, 28 јуни 2024 (МИА) – Белорусија на границата со Украина распореди повеќецевни ракетни фрлачи „Полонез“, со цел да ја тестира нивната борбена подготвеност, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

Пограничната служба претходно објави дека пред два дена бил соборен дрон кој бил од Украина и собирал информации за белоруската погранична инфраструктура.

Претходно беше соопштено дека на истото подрачје е пронајден материјал за изработка на бомби. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан